acclimatize - онтологија

аклиматизира повеќе

аклиматизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Приспособи, приспособува кон туѓа клима.
Албански: aklimatizoj
Приспособи, приспособува кон туѓа географска средина.
Албански: aklimatizoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ботаничарите ги аклиматизираа стеблата од киви со специјална заштита.
(се аклиматизира) Се приспособи, се приспособува кон нови климатски услови и кон нова средина.
Албански: aklimatizoj
Примери:
Тие се аклиматизираа по две недели и немаа никакви проблеми со морската клима.
(се аклиматизира) Прифати, прифаќа друга средина како сопствено.
Албански: aklimatizoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Горан се аклиматизира во новото училиште.

прима повеќе

примаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се прима) За растение - се фаќа, пушта корен, почнува да расте.
Албански: zë, bëhet
Примери:
Во овој крај сончогледот тешко се прима.